Караџица — висока планина во Македонија што го зафаќа западниот дел од масивот Јакупица и има правец на протегање југоисток–северозапад. Спрема северозапад продолжува во Сува Планина. Западната планинска страна се одликува со стрмни и високи отсеци кои речиси вертикално се спуштаат во кањонската долина на Треска. Највисоки врвови се истоимениот врв Караџица (2.473 м), Попово (2.380 м) и Убава (2.350 м). Геолошкиот состав е претставен со варовници, поради што планината е целосно карстифицирана без површински водени текови, а со површински карстни облици, пред сè ували
Планинарскиот дом Караџица се наоѓа на падините на планината Мумџица, која е составен дел на планинскиот масив Јакупица, која пак го зазема централниот дел на Република Македонија. Изградбата на домот е започната во 1952 година, а во свечена употреба за посетителите е пуштен во 1954 година (според сведоштва на планинари). Домот Караџица, се наоѓа на 1.450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци. Домот има капацитет од 15 соби, со 65 кревети. На гостите на располагање им се пондудени кујна опремена со пристојни елементи-прибори, фрижидери и ормани за храна, туш кабини, чиста постелнина, тв со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. Со возило патот води од Драчево кон селата Д. Количани – Горно Количани – Црвена Вода-Преслап – потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот. Од Драчево до планинарскиот дом Караџица има 38km колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново – Долно Јаболчиште – Горно Јаболчиште – Дом Караџица. Со пристигнувањето во домот се отвораат нови опции за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов, и други спортови. Опции за прошетки со почетна точка п.дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, ние ќе наведеме неколку кој се најпосетувани, а со тоа и најатрактивни: Каменот Жаба и Кадина Река (30-тина минути пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 м.н.в. ( 30-тина минути пешачење), вливот на Салаковска во Кадина Река (1 час пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1.30 час) врвот Сипичан 1790 м.н.в. ( 2.30 часа пешачење), Бегово Поле 2000 м.н.в.(3.00 часа пешачење), Солунска Глава-2540м.н.в. (5.00 часа), Салакови Езера 2180 м.н.в.(4.00 часа). Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река. Погодни релации за off roud и mount biking се п.дом Караџица-Солунска Глава, п.дом Караџица- с.Горно Јаболчиште, п.дом Караџица-Салаковски Езера и др.
