домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Капиштец и скулптурата Космоинтеграла

Азбука на Скопје – Капиштец и скулптурата Космоинтеграла

Капиштец е населба во состав на Општина Центар во Скопје. Името на Капиштец е поврзано со капиштето на потокот кој течел низ него, а кое, како сите такви места, во паганско време служело за поставување на идоли. Населбата се наоѓа на околу 1 км југозападно од плоштадот во Скопје, на подножјето на планината Водно. На север, таа се граничи со населбата Буњаковец, на запад со населбите Тафталиџе и Козле, а на југ со населбата Водно Населбата Капиштец е оддалечена од центарот на Скопје околу 15-20 минути одење пеш. Во декември 2014 година, во населбата Капиштец бил пуштен во употреба паркот „Капиштец“, со површина од 20.000 квадратни метри, од кои 12.000 се тревна површина. На тој начин, паркот „Капиштец“ е најголемиот парк во рамките на општината Центар. Во состав на паркот се наоѓаат две детски игралишта и кошаркарски игралишта. Паркот е осветлен со амбинетално осветлување и со канделабри и располага со автоматски систем за полевање.

Скулптурата со име „Космоинтеграла“ е дел од првиот бран од 35 скулптури со кои започна проектот „Скопје 2014“ во 2008 година. Истата е поставена пред платото на Македонската опера и балет, а е изработена од етернит – австриски материјал за покривни површини. Скулптурата е изработена од етернит – австриски материјал за покривни површини, кој, како што кажува и неговиот назив, е особено издржлив (етернити – вечност) и им се спротивставува на сите влијанија.

Ден 18 април 2025

00:01:17