домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ НА МАТКА

Азбука на Скопје – КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ НА МАТКА

Качувачкиот локалитет Матка се наоѓаат на карпите кои се наоѓаат од обете страни на кањонот во кој е изградена брана и вештачко езеро. Карпата на Матка по состав е варовник кој се карактеризира со умерена компактност. Алпинистичките и спортско качувачките насоки се наоѓаат главно на пет локалитети : “Централа”, “Отмарова Карпа”, “Карпа кај домот”, “Маткино Трло” и “Иглите на Матка”. Бројот на алпинистичките насоки изнесува околу 40 со тежина од III до VII и А2 по UIAA, а должина од 150 до 200 метра. Сите алпинистички насоки се добро обезбедени со заштита in situ. Должината варира од 15 до 40 метри. Најдобри периоди за качување на Матка се од Март до Јуни и од Септември до касен Ноември, што не значи дека и во зимските месеци не можете понекогаш да уживате во пријатни пролетни температури.

Ден 18 април 2025

00:01:17