домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

Justiniana Prima, нов град во овие краишта и наследник на Скупи во правен и црковен поглед. Градот го изградил Јустинијан I, за да се оддолжи на родниот крај. Градот бил опкружен со тврдини. Во 518 година градот Скупи бил разрушен од земјотрес и набргу по овој настан во негова близина бил изграден нов град, и за таа намена од Скупи бил пренесен претставителниот градежен материјал, што е пронајдено и од досегашните ископувања на Скупи. Многу столбови и капители, довратници и надвратници, скалила, делкани блокови, украси од фасадите, односно само од театарот околу две илјади големи камени блокови биле однесени по земјотресот, време што се совпаѓа со градењето на Јустинијана Прима. Јустинијан I во 535 година ја формирал и афтокефалната Архиепископија Јустинијана Прима, со седиште во истоимениот град. Црковната традиција оваа архиепископија ја поврзува со Охридската архиепископија, затоа охридските архиепископи од 12 век до 14 век ја носиле титулата „архиепископи на Јустинијана Прима“. Архиепископите биле наследници на скопските епископи, а епископот на Јустинијана Прима Антис, станал архиепископ на сите диецези во Источен Илирик. Ова е запишано во 131 Јустинијанова новела, а на која се темелат правата, привилегиите и самостојноста на Јустинијана Прима. Таа традиција се изразувала и во стремежот и барањата на македонските преродбеници за автокефална црква во 19 век.

Ден 18 април 2025

00:01:17