домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЈУРИЈ ГАГАРИН/КОМЕНСКИ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЈУРИЈ ГАГАРИН/КОМЕНСКИ

  • Спомен-плочата на Јуриј Гагарин на 16 април 2015 Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Николаевич Шчербак, ја откри во паркот Македонија, подарок од Руската Федерација за Скопје и Македонија. Се наоѓа на улицата што го носи името на првиот човек кој пред 54 години, на 12 април 1961 година, леташе во вселената. Јуриј Гагарин е симбол на храброста и на победата, како и на желбата да се откријат нови простори. Гагарин е човек кој отвори ново поглавје во светската историја, во развојот на науката и на воопшто на човештвото.

Општина Карпош секоја година ја одбележува годишнината од првиот лет во вселената на Јуриј Гагарин со положување на свежо цвеќе пред неговиот споменик, заедно со рускиот амбасадор и останати.

  • Основното училиште „Јан Амос Коменски“ Скопје е сместено на ул „Варшавска“ бр.23 во населбата Тафталиџе 1. Изградено е по земјотресот во 1963 година како подарок од Чехословачка, а со работа започнува во април 1964 година. Од учебната 2008/2009 година учениците учат во нова, модерна, по европски стандарди изградена училишна зграда. Реонот на Општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 1 што се простира на исток до ул „8 Септември“, на југ до ул„Теодосије Гологанов“, на север до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „Московска“. Вкупната квадратура на училиштето изнесува 5105 м2 и дворно место од 24680 м2. Училиштето располага со фискултурна сала и со игралиште во училишниот двор. Во училиштето учат 730 ученици во 29 паралелки. Во училиштето се вработени 68 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик и училиштето организира продолжен престој за учениците кои учат во него. Училиштето е збратимено со ОУ „Станислав Сремчевиќ“ – Крагуевац (Р.Србија) и ООУ „Сабедин Бајрами“ од с.Камењање, општина Боговиње.

Ден 18 април 2025

00:01:17