домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЈИЏИТ БЕГ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЈИЏИТ БЕГ

Јигит-пашина цамија, позната и како Меддахова џамија, е историска џамија во Скопје, којашто се наоѓала на просторот на Старата скопска чаршија и во времето на нејзината изградба била најстарата џамија во Скопје и воопшто на Балканот. Се споменува дека џамијата била изградена во 1445 година од страна на отоманскиот освојувач на Скопје, Паша Јигит-бег, на местото на коешто се наоѓала црквата „Св. Врачи“. Џамијата била разрушена во 1943 г., за време на бомбардирањето на Скопје, при што останало само нејзиното минаре, коешто било срушено во земјотресот од 1963 година. Во дворот на џамијата се наоѓало турбе, во коешто бил погребан Паша Јигит-бег. Турбето било изградено во 1426 година и претставува претставник на раноцариградскиот стил на османлиската архитектура. Сѐ до 1945 година, на ова место се наоѓаше зградата на Медах медресата, една од првите медреси во Скопје, но медресата прво беше затворена, а потоа и урната од страна на комунистичкиот режим. Меддах медресата била основана од страна на Јигит Паша и таа, како прва скопска медреса, има посебно значење на балканските простори. Откако Медах медресата е урната 1945 година, државата просторот го дала на користење на сиромашните како дивоградба. Долги години просторот бил користен за живеење од неколку семејства. Општината Бурса од Турција и скопската Општина Чаир од Македонија потпишале протокол на збратимување, во чии рамките во 2009 година ги започнале работите околу турбето на Јигит Паша. Во 2010 година, местото беше експроприрано и седумте семејства кои го користеа просторот како дивоградба и место за живеење, биле сместени во куќи. Денеска на просторот реставрирани се гробницата и турбето на Јигит Паша, откриена е и гробницата на Меддах Баба“. Покрај турбето кое се наоѓа во Старата турска чаршија, одделно е изграден мал месџит (место за молитва) и библиотека во која се претставени османлиското наследство и култура.

Ден 18 април 2025

00:01:17