домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЃУРГОВДЕН/ВИРГИНСКИ МАНАСТИР

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЃУРГОВДЕН/ВИРГИНСКИ МАНАСТИР

  1. Ѓурѓовден како традиционален празник Ерделез е прифатен и негуван од страна на Ромите кои го прославуваат заминувањето на зимата и доаѓањето на нивното омилено годишно време-летото. Во минатото, традиција било претходно да ги чистат и бојадисуваат своите куќи во разни бои. Купувањето на нова облека и обувки за да бидат променети како што се променува природата е симбол на празникот, а тоа се надополнува со собирање на зелени гранки од топола и разни пролетни цветови со кои се китат куќите, а бањањето на своите деца пред празникот е практика која е останата од минатото, како верување за да им бидат здрави како природата и високи како топола. Празнувањето е пропратено и се одбележува со жртвување јагне, посета на роднините и пријателите, со многу музика и богата трпеза. Главните обележја на овој празник кај Ромите се животните вредности: љубовта, среќата, задоволството, складот и мирот, затоа што тоа се универзалните принципи и никој нема над нив авторски права. Во контекст на Ѓурѓовден, постои традиционална народна песна на Ромското малцинство на Балканот, песна која го добила името по Пролетниот фестивал, со кој се слави враќањето на пролетта. Во природа, во една шумичка на Калето кај Француските гробишта, со години Ромите го прославуваа Ѓурѓовден. За жал, таквата традиција на тоа место денес е прекината. Но малку е познат или сосема е заборавен податокот дека пред Втората светска војна, Ромите масовно и со свој препознатлив и специфичен стил празнувале и се собирале во паркот „Идадија“, пред кафеаната „Кермес“. Ѓурѓовден во Скопје се слави и со масовна прослава и одење на тој ден во црквичето „Св. Ѓорѓи“ во Кисела Вода, на падините на Водно. Според имотната состојба, скопјани порано оделе со пајтони, со чези или со запрежни коли. Било обичај со себе да носат и јадење и пиење, а се играло и пеело преку целиот ден, сѐ до попладневните часови. Иако не со толкава масовност, таа традиција задржана е до денес.
  2. „Свети Ѓорѓи Скоропостижник“- Виргински манастир, поранешен манастир во Скопје, кој постоел во средниот век. Манастирот бил еден од најбогатите и најугледни на поголем дел од Балканскиот Полуостров во тоа време. Целиот комплекс е наречен е „Виргински манастир“, по името на ридот на којшто се наоѓал. Според Виргинска грамота од 1277 г., императорот му дал одобрение на манастирот да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени давачки заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Ваквите настани биле организирани во периодот од 1028 до 1034 година, на просторот на манастирската ливада, која се наоѓала на надворешноста на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава, односно на местото на кое денес се наоѓа Бит-пазар. Манастирската целина постоела сè до потпаѓањето на градот под отоманска власт, а можна година за нејзино уривање се смета 1436 г., кога на местото била изградена Султан-муратовата џамија.

Ден 18 април 2025

00:01:17