1469 год. Во Скопје се доселуваат Евреи и основаат своја колонија (братство Виаскора). Во него свратуваат трговци и патници, арапи, грци, дубровчани и др. Еврејско Маало било сместено во подножјето на Калето на самиот брег на реката Вардар, во продолжение на Пајко Маало. Во почетокот на XX век, со збогатувањето на неговите жители на овој простор започнале да никнуваат поголеми и поубави куќи со европски архитектонски елементи на градба и стилови, кои почнале да го менуваат неговиот изглед, особено по должината на реката Вардар. По земјотресот ова маало е урнато. На 11 март се собрани Евреите (3286 лица) и спроведени во Монополот, а потоа депортирани во концентрациониот логор Треблинка. Денес во Македонија живеат околу 200 Евреи. Скоро сите живеат во Скопје. Во 2003 година оваа заедница отворила нова синагога со центар во Скопје. Страдањето на македонските Евреи во холокаустот е запаметено во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите на Македонија во центарот на Скопје
