домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ/ЕСМА РЕЏЕПОВА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ/ЕСМА РЕЏЕПОВА

  1. Евгениј Поп Ацев Светски Репрезентативец во маратонско пливање, прогласен за најдобар спортист на Град Скопјево 2019. Евгениј Поп Ацев е светски првак во маратонско пливање за 2015, 2017 и 2019 година, а на 29от Охридски маратон (2015 година), Евгениј станува и првиот Македонец победник на Охридскиот маратон. Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година и по професија е доктор по стоматологија. Спортска кариера Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, при што за еден бод заостанал зад победникот, Дамјан Блаум од Аргентина. Во сезоната 2014, повторно е второпласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, овој пат второто место го делел со другиот македонски маратонец, Томи Стефановски. Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон.
  2. Есма Реџепова македонска пејачка и хуманитарка, Кралица на Ромската музика во светски рамки. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии. Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубов, тага и брак. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот. Во 1976 година на првиот “Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна. Во 1992 година на големата западно – европска турнеја е прогласена за “Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пеач носител на оваа награда. 2010 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја одликува со „Орден за заслуги за Македонија“. Покрај создавањето на бројно музичко семејство, Есма Реџепова – Теодосиевска и ансамблот “Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2000 хуманитарни концерти, како и спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, како и донацијата направена за градот Скопје “Домот на хуманоста и музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”, 1995 година е избрана за примадона на Европа. Тоа е избор кој се одржува на 4 години, и се избираат оперски пејачи, беше вброена меѓу 50-те најврвни гласови на светот на сите времиња, во друштво на легендарните пејачи Марија Калас, Ела Фицџералд, Махалија Џексон и др, а емисијата за неа беше емитувана на 5 април, 2010.

Ден 18 април 2025

00:01:17