Етнолошкиот музеј се наоѓа во Стара Чаршија, под Скопското Кале. Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 година, а во 1945 година е востановен Народниот музеј на Македонија. Во 1949 година посебните одделенија во Народниот музеј се трансформираат во Археолошки музеј и Етнолошки Музеј. Почетоците на Историскиот оддел датираат од 1952 година. Денешниот музејски комплекс е изграден во 1976 година. На површина над 10.000 м2, на едно место можат да се видат систематизирани збирки на културно-историското наследство на Македонија од праисторијата до денес. Етнологија-Одделот содржи околу 18.000 етнолошки предмети, кои хронолошки датираат од X до XX век: народни носии, накит и занаети, архитектура, резба и керамика, народни музички инструменти, како и бројни дрвени и метални предмети од домаќинство. Збирката народни носии во овој оддел се смета за најбогата на Балканот. На 1500 квадратни метри се презентирани оригинални етнографски предмети, макети, амбиенти, фотографии и уметнички слики. 1976 година, организиран е во неколку тематски целини кои ги опфаќаат народните обичаи и музички инструменти, народните носии, народното стопанство, архитектурата и народното ткаење. Селските и градските населби и различните типови на куќи се дадени на фотографии и макети, додека пак, внатрешното уредување прикажано со амбиенти на селски куќи, односно, за ентериерното уредување на градската куќа опремена со голем број вградени елементи декорирани со богата резба. Духовната култура, се презентира преку прикажување на обичаите Коледе-Бадник, Русалиите, обичајот со маски Џамала, Водици, Велигден и Галичката свадба.
