ЕТНО СЕЛО НЕРЕЗИ Македонија во мало, распослана на повеќе од 4.000 квадратни метри со изградените 15 автентични традиционални македонски куќи, е туристичка атракција. Македонското виртуелно село е уникатен проект во кој не само што се градени по теркот на старите македонски градители. Како дел од комплексот се музеј во кој е изложено етнолошкото наследство на Македонија, ан и голема меана во близина на манастирот „Св. Пантелејмон”. Како што беше најавено, целтта на изградба на „Македонско село“ е збогатување на туристичката понуда на земјава. Целиот комплекс е изграден на површина од 15 илјади квадратни метри квадратни. Првиот кат на куќите кои се архитектонски репрезенти на повеќе краишта од земјава претставува своевиден музеј каде што ќе бидат прикажани занаетчиски работилници, како грнчарница, ковачница, ткајачница, карактеристични за крајот од каде што потекнува изгледот на куќата. Изградбата на „Македонско село“ ја чинеше државата 5,4 милиони евра. Изградбата на Македонско село, во близина на манастирскиот комплекс “Свети Пантелејмон”, почна во 2011 година. Проектот „Македонско село“ се градеше повеќе од две години, при што градежните работи ги изврши „АК Инвест“ од Тетово, надзорот го реализира „Евро консалтинг“ од Скопје, a eнтериерното уредување на традиционалните македонски куќи треба да го изврши фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Наградени и откупени трудови, на конкурсот за етно селото, се проектите на „Боград“ од Струга и „МС Проект Инженеринг” од Скопје. По речиси тригодишно работење, концесионерот одлучи да престане со работа поради загуби во работењето и на 18 октомври 2018 година беше ставен клуч на овој комплекс кој требаше да привлекува туристи во главниот град. Во мај 2020, тогашниот технички премиер кажа дека комплексот ќе прерасне во стартап село, ќе се постави брз Интернет, а етно куќите ќе се пренаменат во простор за заедничка работа, но Македонско село и натаму зјае празно и затворено за посетители.
