домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Детски културен центар Карпош

Азбука на Скопје – Детски културен центар Карпош

Детскиот културен центар „Карпош” го изградило семејството Драга во 1907 година во викторијански стил. Последниот наследник бидејќи тој немал свои деца, во 1996 година ја оставил со аманет, да биде дом на сите деца во Скопје. Во 30-тите години па сe до 1940 година во денешноит Детскиот културен центар „Карпош” се вселува француски конзул и куќата станува официјален француски конзулат. Од тоа време останала оградата на куќата што ја направиле мајстори од Грац. Детскиот културен центар – „Карпош“ спроведува креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите. За време на своето постоење, Детскиот културен центар – „Карпош“ зачува сè што е добро и го надополнува со современи методи на работа, следејќи ги потребите и желбите на корисниците. Насочена кон истражување и откривање на потенцијалот и талентите на децата и младите во сите области на културата, Детскиот културен центар – „Карпош“ се стреми да комуницира директно со децата и младите преку своите активности и секции, насочувајќи ги кон стекнување потреба од уметничко искуство, знаење и забава. Детски културен центар – „Карпош“ користи едукација, вмрежување, децентрализација на активности како клучни инструменти, создава знаење и производи на уметничка активност, пренесува знаење од други средини во средината во која работи и е отворен за нови решенија и нови културни и уметнички области. Детски културен центар – „Карпош“ е референтна институција во областа на меѓународната културна соработка во областа на детската уметност и култура и е организатор и реализатор на повеќе детски манифестации за деца во земјата. Детски културен центар – Карпош ги насочува своите активности пред се кон основната целна група, децата и младите, како директни потенцијални корисници, потоа кон нивните родители и другите учесници во развојот на културните потреби, стручни соработници од областа на културата и образованието за деца, ученици на културни и хуманистички науки, новинари и научници.

Ден 18 април 2025

00:01:17