домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ

Археолошкиот музеј на Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија. Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум. Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Во 2015 год. Археолошкиот музеј на Македонија се пласираше меѓу 15 те најдобри музеи во Европа, освојувајќи го високото седмо место. Првата археолошка збирка формирана е 1920 год. во рамките на Филозофскиот факултет. Во 1924 год. е организирана музејска институција, историско – археолошки музеј со лапидариум кој е сместен во Куршумли ан. Во текот на Втората светска војна музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје. Од 1945–1963 год. Археолошкиот музеј е во старата зграда од касарната на Скопско Кале. Од 1963–1977 год. Археолошкиот музеј е сместен во бараките на Куршумли ан. Во 2012 год. основан е нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата. После повеќе од три децении во 2014 год. Археолошкиот музеј добива современ музејски простор во центарот на Скопје

Ден 18 април 2025

00:01:17