домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - АРАПСКА КУЌА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – АРАПСКА КУЌА

Арапската куќа претставува станбен објект во Скопје, а била изградена во периодот 1936-1938 год. Палатата била градена по порачка на брачната двојка Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци-Ерменци, сопственици на фабриката за шамии “Тулбенд”. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на тогашно Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал “А.Д.”, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците. Во собите доминирал ориентално-азиски стил, надополнет со раскошни лустери и стилски комоди. Просториите биле украсени со детали од слонова коска, мебел од длаборез и тешки персиски килими. Куќата претставувала вистинско ремек-дело, изградена во маварски стил. Неизин архитект бил познатиот македонски архитект од руско потекло Иван Артемушкин. По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга Русинка Натали. Подоцна станала хотел. Во 1996 година ставена е на списокот на историски споменици што се под директна заштита на Заводот за заштита на споменици на град Скопје.

Ден 18 април 2025

00:01:17