Адам од Македонија – Мала керамичка скулптура на машко торзо во седечка положба, пронајдена на локалитетот Говрлево во близина на Скопје. Станува збор за една од најстарите скулптури на човечко тело во Европа. Откриен е во 2000 година на археолошкото ископување на локалитетот Говрлево, на границата меѓу културните слоеви кои припаѓаат на неолитот. Со истражувањата раководел археологот Милош Билбија од Музејот на Град Скопје, кој го пронашол овој артефакт на последниот ден од октомвриските теренски истражувања, на границата помеѓу културните слоеви кои припаѓаат на неолитот и бакарното време. Фигурината датира од средината на VI милениум п.н.е. и претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш по самото пронаоѓање го доби епитетот„ милениумско откритие“. Фигурата е фрагментирано сочувана (вис. 12 цм). Нејзиниот временски контекст е 4-ти хоризонт во рамките на зрелата фаза од средниот неолит, околу 4500 пр.н.е. Адам има необична уметничка обработка. Тоа еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Поставено во седната позиција, ова машко тело има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури искршен фалус. Ремек-делото со експлицитно реалистична уметничка форма пред пошироката публика за првпат беше презентирано на 30 септември 2006 година. Во моментот може да се погледне во поставката на Археолошкиот музеј на Македонија.
