домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛО СКУДРИЊЕ

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛО СКУДРИЊЕ

Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на источната падина на планината Дешат. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри.
Селото е сместено на падините на Дешат, на десната страна од реката Радика. Се наоѓа на средно висока тераса, а над него се наоѓа шума. Селото поседува бројни чешми.
Скудриње е оддалечено 13 километри североисточно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 9 километри.
Селото не е на регионалниот пат и од него е оддалечено 3,5 километри, но има асфалтен пат до него. Воедно има и автобуската станица блиску до селото. Покрај автобуски превоз се користат комбиња и автомобили како такси возило.
За настанокот на името од село Скудриње има една легенда. Еднаш една баба и нејзината внука береле дрење и кога бабата седнала да се одмори ја викнала својата внука да седне во скут да јаде дрење и од зборовите скут и дрење логички доаѓа „Скудриње”.
Селото првпат во пишаните документи се споменува во пописот извршен од Османлиското Царство во 1466/67 година, под името Искудрина со 11 христијански семејства.
Од времето кога во него живееле христијански семејства, може да се најде срушена црква под самото село.
Во XIX век, Скудриње било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.055 жители, од кои 106 Македонци, 10 Албанци, 763 Турци, 1 Бошњак, 73 останати и 102 лица без податоци.
Основно училиште „Блаже Конески“, централно основно училиште
Училиштето е изградено на почетокот на 1960-тите години од минатиот век и работело како подрачно училиште сè до 1996 година кога заради зголемениот број на уцениците од подрачно училиште прераснало во самостојно основно училиште со две подрачни училишта во селата Присојница и Аџиевци. Број на вработени во училиштето има 25 лица и тие доаѓаат од Ростуше, Гостивар и Требиште, додека бројот на ученици е 247, а бројот на паралелки е 18. Од соседните села не доаѓат ученици. Училиштето располага со библиотека, но не поседува училишна кујна.
Пошта
Амбуланта (со постојан лекар и медицинска сестра)
Месна заедница.

Ден 18 април 2025

00:01:17