АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЖЕНА ПАРК/ЖЕНА СО ГИТАРА
- Паркот на жената борец, познат како Жена парк, се наоѓа наспроти зградата на македонското Собрание. Во него имало споменици и две фонтани и една чешма со течна вода. Тој е изграден после големиот земјотресот, кога се изградил и Градскиот трговски центар, некаде 1974/75 година. Старите скопјани велат од фонтаната течела најчистата и најладната вода во Скопје. Невообичаено е тоа што во Паркот на жената борец има споменик посветен на Тарас Шевченко
- “Жена со гитара“ изработено од Синиша Новески се наоѓа кај “Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј ин“. Скулптурата е поставена во април 2009 година, на почетокот на проектот „Скопје 2014“, кога се поставени над 30 скулптури во центарот на градот. Новески е меѓу 26-те главно млади автори кои на јавниот конкурс на Министерството за култура распишан во 2008 година за поставување 35 скулптури, ја добива можноста за изработка на свои авторски дела.