домаПОГОДОКУБЕДЛИВО НАЈДОБРА ЕКИПА ВО ФРАНЦИЈА - ПСЖ ШАМПИОНСКИ ГО РАСТУРИ МАРСЕЈ НА...

УБЕДЛИВО НАЈДОБРА ЕКИПА ВО ФРАНЦИЈА – ПСЖ ШАМПИОНСКИ ГО РАСТУРИ МАРСЕЈ НА ГОСТИ

Актуелниот шампион на Франција, Пари Сен Жермен, покажа дека е убедливо најдобрата екипа во Франција и без големите ѕвезди кои настапуваа за екипата изминатите сезони. Во дербито на колото, „светците“ буквално го растурија Марсеј со нула три на гостински терен и сега имаат три бода предност пред Монако и шест пред денешниот противник.

Невес во седмата минута ја најави победата, а работата им ја олесни Харит во дваесетата минута со директниот црвен картон. До паузата следуваа уште два гола во мрежата на домашните. Најпрво Балерди си постигна автогол, а потоа Баркола ги постави конечните нула три.

Ден 18 април 2025

00:01:17