домаПОГОДОКУБЕДЛИВА ПОБЕДА - БОЈАН МИОВСКИ СО ДВА ГОЛА ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ЖИРОНА ДО...

УБЕДЛИВА ПОБЕДА – БОЈАН МИОВСКИ СО ДВА ГОЛА ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ЖИРОНА ДО ПОБЕДА ВО КУПОТ

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во убедливата победа од четири нула на гостински терен кај Ехтрамадура во меч од Купот на Шпанија. Миовски беше стартер, а Жирона поведе со голот на Жил во дванаесетта минута.

Во второто полувреме се „разбуди“ Миовски. Македонецот прво погоди за два нула во педесет и осмата минута, а четири минути подоцна повторно се израдува на погодок за три нула. До крајот на дуелот, Мартинез погоди за гостите кои на крајот славеа со убедливи четири нула.

Ден 18 април 2025

00:01:17