Шарл Леклер е победник на трката за големата награда на Соединетите Американски Држави, откако имаше блескаво возење на патеката во Тексас. Возачот на Ферари беше четврти по квалификациите, но на стартот од трката беше фантастичен и по првиот свиок стигна до лидерското место. Од тој момент, до крајот на трката Леклер доминираше на патеката.
„Многу сум среќен. Имав доверба пред трката и убаво е да се освои победа на крајот“, изјави Леклер.
