домаПОГОДОКТЕН ХАГ СЕ ЈАВИ СО КРИТИКА -„ИГРАВМЕ МНОГУ ПОДОБРО ОД ВЕСТ ХЕМ...

ТЕН ХАГ СЕ ЈАВИ СО КРИТИКА -„ИГРАВМЕ МНОГУ ПОДОБРО ОД ВЕСТ ХЕМ И НА КРАЈ НЕ КАЗНИЈА СО НЕПОСТОЕЧКИ ПЕНАЛ“

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше уште по еден слаб настап на Црвените ѓаволи оваа сезона, каде што загубија со два еден на гости кај Вест хем во натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата. Сепак, Холанѓанецот демонстрираше висока самодоверба истакнувајќи дека крајниот резултат не секогаш покажува кој тим бил подобар на теренот.

„Во фудбалот, најдобриот тим не секогаш победува. Тоа овојпат беше исклучително очигледно и разбирливо. Игравме многу подобро од нашите противници и постојат две гледишта за ова: не ги искористивме нашите шанси и судијата донесе многу лоша одлука – како на теренот така и надвор од него. Мислам дека игравме многу добро. Беше задоволство да го гледам нашиот тим во првите шеесет минути. Играта ни беше динамична, креативна, создадовме многу шанси“, изјави Тен Хаг.

Ден 18 април 2025

00:01:17