Фудбалерите на Арсенал и Ливерпул одиграа фантастичен дерби натпревар на „Емирати“, на кој на крајот немаше победник., односно заврши два два. Арсенал може да жали, бидејќи двапати имаше водство, најпрво од еден нула, а потоа и од два еден.
Сака уште во деветтата минута ги донесе „топчиите“ во водство, но Ван Дијк во осумнаесетата израмни на еден еден. Во четириесет и третата минута Арсенал повторно доаѓа во водство, овојпат преку Мерино. Ливерпул се спаси од пораз во осумдесет и првата минута преку Мохамед Салах.
