Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја презеде првата позиција на ВИТИЕЈ-листата од Полјачката Ига Швјонтек. Сабаленка има девет илјади седумстотини и шест поени, додека Швјонтек е на второто место со девет илјади шестотини шеесет и пет поени. И двете тенисерки загубија поени поради новите правила на ВИТИЕЈ за пресметка на поени на турнирите од серијата петстотини, што повеќе ја чинеше Швјонтек.
