Бока јуниорс се пласира во финалето на Купот откако во драматичен меч, дури по подобро изведување на пеналите го победи тимот на Гимназија. Херој на теренот беше голманот Леандро Бреја, но херој имаше и на трибините, а тоа беше Хуан Роман Рикелме.
Некогашниот аргентински репрезентативец, кој сега е во улога на претседател на Бока јуниорс, покажа херојски потег кога успеа да ги смири навивачите на трибините. Само што почнаа да прават проблеми на трибините, кога полицијата веќе беше подготвена да реагира дури и со гумени куршуми, Рикелме влезе во клинч со фановите.
