Интересна вест доаѓа од Островот, поточно од Англија, каде што главната улога ја има познатата естрадна ѕвезда Ријана. Пејачката, заедно со поддршката на нејзиното момче Ракем Мајерс, познат како Асап Роки, има желба да купи фудбалски клуб.
Ријана и нејзиното момче веќе испратиле понуда од петнаесет милиони фунти за купување на Транмере Роверс, англиски клуб од пониска лига.
Адвокатот Џо Тачопино, кој е соработник на оваа двојка за финасиски трансакции, ја потврди приказната за англиските медиуми.
