Пред една и пол година неверојатно проструи веста дека Лионел Меси потпишува со тимот на Интер Мајами. По повеќе од две децении, Аргентинецот реши да го напушти европскиот фудбал и да се пресели во Соединетите Американски Држави.
Уште почудно делуваше најавата дека Меси потпишува за тимот кој беше најслаб во лигата. Интер Мајами беше на дваесет и деветото место од дваесет и девет екипи во ЕМЕЛЕС, но тоа не го поколеба Аргентинецот да дојде. Со Дејвид Бекам како еден од газдите на клубот Меси доби уверување дека амбициите се многу поголеми.
