Поранешниот фудбалер Жарарт Пике смета дека помал број натпревари во текот на сезоната ќе му донесат добро на фудбалот и играчите од топ лигите кои се жалат дека се презаморени и немаат доволно одмор, а тоа носи чести повреди.
Според Пике, најсилните лиги во Европа треба да имаат по шеснаесет прволигаши, а не по дваесет или по осумнаесет како што е сега.
„Мислам дека бројот на натпревари треба да се намали. Треба да се јавиме во сите лиги и да им кажеме дека наместо дваесет екипи, да имаат само по шеснаесет клубови. Има натпревари на секои три дена и нема време за одмор ни во лето“, рече Пике во Лондон.
