Фудбалерите на Партизан попладнево успеаја да забележат победа на гостувањето кај Нови Пазар со гол во деведесет и третата минута откако многу рано во мечот имаа негатива од два нула. Натпреварот во Нови Пазар се играше без публика, поради казната за домашниот состав од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија, а тоа предизвика револт кај навивачите на Нови Пазар.
Тие одлучија да се пресметаат со полицијата низ улиците во околината на стадионот, а се слушаа и големи детонации.
