Голема тага го погоди домот на ЕНЕФЕЛ-ѕвездата Чарвариус Вoрд откако почина неговата едногодишна ќерка Амани Џој.
Амани Џој ја загуби тешката борба за живот која траеше од самото раѓање. Таа беше родена предвреме, имаше Даунов синдром и две дупки во срцето.
Бекот на Сан Франциско ја сподели својата емотивна изјава за трагедијата на социјалните мрежи:
„Нашите срца се скршени затоа што нашето прекрасно девојче Амани Џој почина во понеделникот наутро. Таа беше најголемиот благослов кој можевме да го посакаме, а нејзиниот весел дух нè насмевнуваше од уво до уво. Таа нè научи на трпение, доверба и позитивен став кон животот. Ни покажа вистинска сила и храброст“, напиша Вoрд, некогашен шампион во најсилната лига во американскиот фудбал.
