Најпознатата фудбалска двојка во светот, членовите на Јувентус, Даглас Луиз и Алиша Леман, се соочија со непријатно искуство откако дознаа дека биле ограбени. Луиз настапи за Јувентус на натпреварот против Лацио, по што отишол на вечера, додека Леман била во карантин пред денешниот дерби меч на женскиот тим на Јувентус против Интер. Околу еден часот по полноќ се активирал алармот во нивниот дом, а кога се вратиле, ги затекнале последиците од кражбата. Крадците украле единаесет часовници од Алиша, вредни околу петстотини илјади евра, како и неколку дијамантски ѓердани.
