домаПОГОДОКОБВИНЕТ Е ЗА СИЛУВАЊЕ? - ОБЈАВЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ПОСЕТАТА НА МБАПЕ...

ОБВИНЕТ Е ЗА СИЛУВАЊЕ? – ОБЈАВЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ПОСЕТАТА НА МБАПЕ ВО ШВЕДСКА

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе се соочува со обвинение за силување во Шведска. За време на репрезентативните настапи, Мбапе помина два дена во Стокхолм, а потоа тамошните медиуми почнаа да пишуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид се соочува со сериозно обвинение.

Според пишувањата во Шведска, дваесет и пет годишниот фудбалер е фотографиран во центарот на градот, каде што бил во друштво со уште три лица, а потоа заминал во ноќен клуб. Наводното силување се случило ноќта меѓу четвртокот и петокот во хотелот „Банк“. Полицијата била во хотелот и истражувала, од каде што се собрани многу можни докази.

Ден 18 април 2025

00:01:17