Јаник Синер за само шеесет и девет минути го растури Данил Медведев со шест нула, шест три, и си закажа полуфинален дуел со Новак Ѓоковиќ на „Слем на Шест кралеви“ егзибицискиот турнир во Ријад, Саудиска Арабија.
Синер и Ѓоковиќ во неделата играа меѓусебе во финалето на Мастерсот во Шангај, па Србинот денес од осумнаесет часот и триесет минути ќе има шанса за реванш, а Италијанецот шанса да докаже дека во моментов е подобар од најдобриот во историјата.
