домаПОГОДОКНИТУ ТАМУ НЕ ГО ГЛЕДААТ КАКО СТАРТЕР - ЕЛМАС ВО ЈАНУАРИ МОЖЕ...

НИТУ ТАМУ НЕ ГО ГЛЕДААТ КАКО СТАРТЕР – ЕЛМАС ВО ЈАНУАРИ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ ВО НАПОЛИ?

На Елиф Елмас му е смачено да грее клупа во Лајпциг и наводно размислува во зимскиот преоден рок да се врати во Наполи, откако тренерот на наполитанците, Антонио Конте, го посакал во својот тим бидејќи многу ги цени неговите квалитети.

Елмас игра премалку во Лајпциг, а на неговиот профил на Инстаграм, како главна слика и понатаму стои Елиф во дрес на Наполи како го бакнува пехарот од Купот на Италија.

Анализите на локални италијански медиуми кои го следат Наполи, информираат дека Конте многу ги цени техничките и тркачките квалитети на Елмас, како и неговата тактичка флексибилност и способност веднаш да ја зголеми брзината кога ќе влезе на терен од клупата за резерви.

Ден 18 април 2025

00:01:17