домаПОГОДОКМОРА НА НОВА ОПЕРАЦИЈА - СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА ЌЕ МИНЕ БЕЗ ЕДЕН ОД...

МОРА НА НОВА ОПЕРАЦИЈА – СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА ЌЕ МИНЕ БЕЗ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ

Норвешкиот скијач Александер Омот Килде ќе ја пропушти целата сезона две илјади дваесет и четврта две илјади дваесет и петта бидејќи мора да оди на уште една операција на рамото. Тој во јануари доживеа тежок пад за време на спустот во Венген, кога се удри во заштитната ограда. Првично лежеше неподвижен, а трката беше прекината триесет минути, по што беше пренесен со хеликоптер во болница. Утврдено беше дека го расекол мускулот на листот од десната подколеница и ги скинал лигаментите на рамото, поради што беше опериран неколку дена подоцна.
Килде преку Норвешката скијачка федерација порача дека му е потребна уште една операција за рамото целосно да се подготви за напорите на скијањето.

Ден 18 април 2025

00:01:17