Рома ја оствари првата победа во Лигата на Европа оваа сезона откако во третото коло го совлада Динамо Киев на „Олимпико“ со еден нула. Артем Довбик од пенал беше стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим во дваесет и четвртата минута.
Ајнтрахт Франкфурт исто така минимално славеше против Рига со еден нула. Хуго Ларсон во седумдесет и деветата минута му донесе триумф на германскиот бундеслигаш.
Ајакс беше многу поубедлив на гостувањето во Азербејџан против Карабах откако победи со нула три. Тејлор, Вегорст и Акпом беа стрелци за холандскиот гигант, а ривалот мечот го заврши со деветмина играчи поради два црвени картони.
