домаПОГОДОКМЕГАН И ХАРИ ПРЕД РАЗВОД: „ТАА САКА ХОЛИВУДСКА ПРИКАЗНА, НА ПРИНЦОТ МУ...

МЕГАН И ХАРИ ПРЕД РАЗВОД: „ТАА САКА ХОЛИВУДСКА ПРИКАЗНА, НА ПРИНЦОТ МУ НЕДОСТАСУВА АНГЛИЈА“


Според изворите, Хари бил засрамен од неуспешните соработки со Netflix и Spotify и му недостасувал животот во Англија. Меган, од друга страна, ги држела децата настрана од кралското семејство и сакала одново да се посвети на актерската кариера. Дали славниот пар е пред развод? Откако го напуштија кралското семејство, бизнис плановите на Меган и Хари не се покажаа како најуспешни. Но, парот сепак се труди да го одржи имиџот и честопати заедно се појавуваа на важни настани. Сепак, изминативе месец-два не стивнуваат гласините дека на нивниот брак му се ближи крајот. Шпекулациите се уште поизразени откако и Меган и Хари беа на неколку настани одвоено. За британските медиуми, разни извори велат дека на Хари не му се допаѓа што се оддалечи од семејството поради Меган. Истовремено, не бил многу среќен кога е опкружен со познатите личности со кои Меган сака да се дружат. Па, поради ова, почнале да се оддалечуваат.

„Веќе извесен период се оддалечуваат еден од друг. Желбата на Хари да се врати во Англија, каде што му се другарите, и неговата надеж дека ќе се смири со семејството создаваат притисок на нивниот брак. Мразеше што нивните обиди да направат нешто со Netflix и Spotify беа неуспешни и што сите го исмејуваа. Па, почнува да му недостасува Англија. Хари сака да оди во барови и да спортува со неговите другари, додека Меган сака живот во Лос Анџелес што е многу поразличен…
Неговите планови самиот да оди на настани и турнеи, настрана од Меган, е првиот знак дека пробуваат да живеат одвоено додека да одлучат што ќе прават следно“, вели извор за Radar Online.

Ден 18 април 2025

00:01:17