Егзибицискиот тениски турнир „Слем шест кралеви“, кој започна во Ријад, Саудиска Арабија, донесе разочарување на самиот старт. Причина за разочарувањето се лесните победи на Карлос Алкарас и Јаник Синер во дуелите против Холгер Руне, односно Данил Медведев.
Руне сезонава игра лошо и поради тоа падна дури на четиринаесетото место на АТЕПЕ-листата, па неговиот пораз од Алкарас со шест четири, шест два и не е толку зачудувачки. Повеќе изненадува лесниот пораз на Медведев против Синер.
