домаПОГОДОКЛОШИ ВЕСТИ ЗА РЕАЛ - КУРТОА И РОДРИГО ГО ПРОПУШТААТ ДЕРБИТО ПРОТИВ...

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА РЕАЛ – КУРТОА И РОДРИГО ГО ПРОПУШТААТ ДЕРБИТО ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

Славјето во Реал Мадрид по синоќешната победа од пет два над Борусија Дортмунд, беше поматено со денешните вести дека голманот Тибо Куртоа и напаѓачот Родриго се повредени и нема да играат на саботното Ел Класико против Барселона. Родриго не можеше да го доигра мечот со Борусија и потврдено е дека има повреда на тетивата на левата нога. Што се однесува до Куртоа, веста дека е повреден е изненадување, бидејќи го одигра целиот меч против Борусија. Куртоа ќе биде во аут две до три недели, па на Ел Класико и после тоа на дуелите со Валенсија и Милан, на голот на Реал ќе треба да стои Андриј Лунин.

Ден 18 април 2025

00:01:17