Лече стави крај на лошата резултатска низа во Серија А и по подолг период оствари победа. На домашен терен Лече славеше против Верона со еден нула. Гостите го завршија мечот со деветмина фудбалери, а стрелец на победничкиот гол за Лече беше Патрик Доргу во педесет и првата минута.
Болоња стигна до гостински триумф против Каљари. Орсолини во триесет и петата минута обезбеди предност, а Одгард на почетокот на вториот дел го удвои водството што на крајот резултираше и со освојување на три бода.
