домаПОГОДОКЛАУТАРО МАРТИНЕЗ ДОНЕСЕ ТРИУМФ ЗА ИНТЕР НА „ОЛИМПИКО“

ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ ДОНЕСЕ ТРИУМФ ЗА ИНТЕР НА „ОЛИМПИКО“

Интер стигна до петтата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ ја совлада Рома со нула еден. Шампионот одигра одличен меч, а херој на тимот беше капитенот Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот ас во шеесетата минута го постигна победничкиот погодок за Нераѕурите. Рома имаше корнер, а по одбиената топка следеше голема грешка на средината од теренот, по што Интер тргна во противнапад. На крајот топката падна на ногата на Лаутаро Мартинез кој со силен удар ја затресе мрежата на домаќинот.

Ден 18 април 2025

00:01:17