Фудбалерот на Падова, Мичел Лигури, минатиот четврток беше првостепено осуден на казна затвор од три години и четири месеци, поради сексуален напад врз четиринаесет годишно девојче кое го направил во две илјади и осумнаесетата година.
Тој тогаш имал деветнаесет години и според пресудата, без согласност имал сексуален однос со малолетничката. Фудбалерот негира дека настанот се случил на тој начин, тврдејќи дека девојчето се согласило, но судот не ги прифати неговите искази. Сепак, најголемиот скандал го предизвика неговиот моментален клуб, Падова, кој одлучи да не го суспендира и тој продолжи да игра.
