домаПОГОДОКЌЕ СТАНЕ МЕНАЏЕР? - СИМОНЕ ИНЗАГИ ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА ГО ПРЕЗЕМА МАНЧЕСТЕР...

ЌЕ СТАНЕ МЕНАЏЕР? – СИМОНЕ ИНЗАГИ ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА ГО ПРЕЗЕМА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, се согласил да стане следниот менаџер на Манчестер јунајтед, пишуваат италијанските медиуми. Иако неговиот тим се врати на победничкиот пат во Премиер лигата за време на викендот, иднината на Ерик тен Хаг останува неизвесна, а раководството на Црвените ѓаволи бара негов наследник. Сега, според италијанскиот медиум близок до Интер, Симоне Инзаги веќе дал „зелено светло“ да стане нов менаџер на Манчестер јунајтед, но од почетокот на следната сезона. Италијанецот ќе ја заврши оваа сезона како тренер на Интер, актуелниот шампион на Серија А. Според информациите, остануваат само некои ситни детали пред договорот да биде финализиран.

Ден 18 април 2025

00:01:17