После победата на Интер на гостувањето кај Рома од еден нула со гол на Лаутаро Мартинез, тренерот на клубот од Милано, Симоне Инѕаги, рече дека Аргентинецот кој е и капитен на Нераѕурите, за него е меѓу најдобрите фудбалери на светот. Лаутаро Мартинез синоќа го постигна својот сто триесет и трети гол во дресот на Интер, израмнувајќи го клупскиот рекорд на Иштван Ниерс кој играше за клубот многу одамна, од илјада деветстотини четириесет и осма до илјада деветстотини педесет и четврта година.
