Екипата на Ботафого забележа убедлива победа од пет нула над уругвајски Пењарол на првиот меч од полуфиналето на Копа Либертадорес, но на овој натпревар му претходеше вистински хаос низ улиците на Рио де Жанеиро. Гостинските навивачи влегоа во конфликт со полицијата, па над двесте поддржувачи на уругвајската екипа беа уапсени и депортирани, па останаа без можност да го следат натпреварот на својата екипа.
Во соопштението на полицијата на Рио де Жанеиро се вели: „Навивачите биле вмешани во низа вандалски настани, грабежи, уништување на деловни објекти и возила.
