Англискиот првак Манчестер сити убедливо ја совлада Спарта Прага со пет нула на „Етихад“ во третото коло од Лигата на шампионите, а Ерлинг Халанд беше двоен стрелец. Норвежанецот на импресивен начин го постигна својот втор погодок на овој дуел, зголемувајќи ја предноста на Граѓаните на четири нула. Тој со карате удар, завртен со грб кон голот, успеа да упати неодбранлив шут кон голот на гостинскиот голман Петер Виндал.
