Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, одговори на прашањето кој клуб би сакал да го избегне во Лигата на шампионите, во интервју за едно италијанско телевизиско шоу.
„Добро прашање, можеби Барселона. Се надевам дека нема да играме против нив. Ме уништува приврзаноста што ја чувствувам кон нив. Роден сум во мало гратче во близина на Барселона. Никогаш не е лесно да се игра против нив бидејќи сите знаат дека чувствувам љубов кон тој клуб“, изјави Гвардиола.
