Тениската суперѕвезда Новак Ѓоковиќ играше на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија, ја искористи приликата да ги посети сонародниицте Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ кои играат за фудбалскиот првак на таа земја Ал-Хилал, а потоа замина на забавен квиз со Нејмар, кој е најголемата ѕвезда на Ал-Хилал. Направено е интересно видео кое трае околу три и пол минути и всушност е како квиз каде Ноле и Нејмар одговараа на прашања еден за друг. Имаше и точни одговори, но и грешки, и многу смеа и шеги.
