Манчестер сити убедливо со пет нула славеше над Спарта Прага на „Етихад“ во меч од третото коло на групната фаза во Лигата на шампионите, меч кој има посебно значење за англискиот тим.
Со оваа победа Граѓаните испишаа нова историска страница во Лигата на шампионите, и тоа како клуб кој ја има најдолгата низа без пораз во елитното натпреварување. Дури дваесет и шест меча во низа Сити нема пораз во Лигата на Шампионите, што е доволно да се надмине досегашниот рекорд на Манчестер јунајтед.
