домаПОГОДОК„ФОРБС“ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА НА НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ - КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НЕМА НИКАКВА...

„ФОРБС“ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА НА НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ – КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НЕМА НИКАКВА КОНКУРЕНЦИЈА

Специјализираниот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на десетте најплатени фудбалери во светот. Без конкуренција на првото место е Кристијано Роналдо, кој последната година заработил двесте осумдесет и пет милиони долари, од кои двесте дваесет милиони на теренот, а шеесет и пет милиони од спонзорски договори и маркетинг.

На втората позиција е Лионел Меси со заработка од сто триесет и пет милиони долари, од кои шеесет и пет милиони ги заработил играјќи за Интер Мајами, а седумдесетт милиони од маркетинг и спонзорски договори. Во овој сегмент, аргентинецот има најголема заработка, поголема од Кристијано Роналдо за пет милиони.

Ден 18 април 2025

00:01:17