Кошаркарите на Фенербахче го победија Макаби со осумдесет и четири осумдесет и два во шестото коло од Евролигата.
Поради политичката ситуација, Фенербахче беше номинален домаќин во Каунас, каде со одлична игра во последната четвртина успеа да го „украде“ речиси сигурниот триумф на Макаби.
Тимот од Тел Авив влезе во четвртата четвртина со предност од девет поени, а Фенербахче, кој одигра слабо првите триесет минути, го сврте натпреварот во своја корист откако ја доби оваа четвртина со дваесет и шест петнаесет.
